Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановско-липковскиот регион нема опасност од излевање на водите од речните корита и покрај благото зголемување на водостојот во реките по последните врнежи од дожд, информираат во Центарот за управување со кризи.
Не се очекуваат полави во нашиот регион, бидејќи речните корита се исчистени и можат да примат двојно повеќе вода во однос на изминатиот период. Има благо покачување на водите, но тоа не претставува опасност за домаќинствата и земјоделското земјиште- велат од Центарот.
Тие тврдат дека будно ја следат состојбата на терен и доколку има потреба навремено ќе се интервенира. На подрачјето на нашиот регион нема ни свлечишта и одрони предизвикани од последните дождови.