×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Положено цвеќе на Спомен костурница

    11.11.2015 14:45 | KumanovoNews

    По повод 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово денеска свежо цвеќе беше положено на Спомен костурница.

    Положено цвеќе на Спомен костурница

    Почит на загинатите им оддадоа борците, претставници на општината, Советот, политички партии, здруженија, установи и други. Пред присутните се обрати Благе Јакимовски, секретар на Сојуз на борци Куманово.

    Ние кумановци важиме за луѓе по шегата, мајтапот, но исто така не краси и бунтовност и нескротлив дух кон неправдата, угнетувањето, ропството, при што нашите предци го искажувале преку разни форми на отпор и незадоволство низ години и векови кое е забележано во нашата историја. Секогаш организирани од напредни и прогресивни сили кумановци ги доживувале и проживувале сите превирувања што се случувале во градот. Преку преземање на разни видови отпор и постојано само докажување и силна желба за достоинствен живот, при што во ниту еден живот не се губела вербата и надежта дека дојде и денот кога Македонија ќе стане слободна дрѓжава - кажа Јакимовски.

    За слободно Куманово животот го дале 183 борци и 83 жртви на фашистичкиот терор. На одбележувањето на овој важен датум  освен претставници на збратимените градови, присуствуваа и амбасадорите на Република Словенија, Романија и Црна Гора.