Положено свежо цвеќе пред Спомен куќата на Карпош
По повод 7 февруари, денот кога загинал Христијан Тодоровски - Карпош, денеска бројни делегации положија цвеќе пред Спомен куќата на Карпош во Куманово.

Пред бистата на херојот се поклонија делегации од општината, Советот на општина Куманово, Музеј Куманово, АРМ, здруженија на граѓани и други. За ликот и делото на херојот говореше Благе Јакимовски, секретар во Сојуз на борци Куманово. Тодоровски загинал на денешен ден во 1944 година во село Билјача, прешевско.
Карпош е козјачка легенда, кумановскиот командант и народниот херој југословенски од Македонија. Како и секоја година дојдовме овде да му оддадеме почит по повод неговото загинување. НОБ изроди херои од Прилеп Мирче Ацев, Тодор Циповски-Мерџан од Тетово, Кузман Јосифовски-Питу од Кичево, а Куманово го изроди Христијан Тодоровски-Карпош - изјави Јакимовски.
Пред присутните песна со патриотска содржина читаше Зора Ивановска, а со едноминутно молчење им беше оддадена почит на сите загинати борци од НОБ и од 2001 година.
Марија Живачки, историчар од Музеј Куманово рече дека Карпош е значаен лик од нашата историја затоа се борел за слобода на Македонија.
На 12 октомври го означува почетокот на востанието на Македонија и е значаен затоа што до неговото загинување се бореше за слободна Македонија. Неговото дело потоа продолжува. По него командат станува Боро Менков, меѓутоа Х.Т.Карпош е командант на баталјонот Јордан Николов Орце и го даде својот живот за слободна Македонија“-кажа Живачки.
Спомен куќата е влезена во програмата на Министерството за култура и ќе биде реконструирана до крајот на 2016 година.