Помен за Денот на сеќавање
23.03.2012 08:53
| KumanovoNews
По повод Денот на сеќавање 24 март 1999 година, кога започнаа НАТО нападите на Србија, Обединетата српска заедница Куманово утре ќе одржи помен за загинатите невини жртви.

Ги повикуваме сите наши членови и они што веруваат во православието да дојдат заеднички да запалиме свеќи во Црквата „Света Тројица“ во Куманово утре во 9 часот- повикуваат од Српската зедница.