Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Понеделник - 9 декември е неработен за сите граѓани на Македонија, поради одбележување на празникот „Свети Климент Охридски“.
Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември – недела, односно 9 декември – понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски“.