Мени

Понеделник неработен ден за граѓаните од српската заедница

24.01.2020 10:50 | KumanovoNews

Српската заедница во Република Македонија, во понеделник го слави празникот Свети Сава. 

Понеделник неработен ден за граѓаните од српската заедница

Согласно со Законот за празниците на РМ, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 27 јануари (понеделник), Свети Сава ќе биде неработен ден за граѓаните, кои се припадници на српската заедница во Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честитаат празникот Свети Сава.