Поплавените да ги пријават штетите до 27 ноември
20.11.2014 14:58
| KumanovoNews
Семејствата кои се зафатени со последните поплави, штетите можат да ги пријават во Општината Куманово најдоцна до наредниот четврток.

Сопствениците на поплавените објекти, покрај барање, треба да достават и фотокопии од лична карта, имотен лист, трансакциска сметка и слика од предизвиканата штета-, објаснува секретарот на општината Валентина Алексовска.
Доставените документи ќе ги разгледува општинската Комисијата за проценка и утврдување на штета од природни непогоди, по што ќе изврши увид на лице место и ќе ја утврди нанесената штета.