×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплави во Бедиње, Бавчи и Доброшане

    11.10.2015 10:51 | KumanovoNews

     Поради обилните дождови  утрово реката Кумановка се излеа во населбите Бедиње, Бавчи и Доброшане.

    Поплави во Бедиње, Бавчи и Доброшане

    Зафатени се помошни простории, штали, неколку куќи во Бавчи, ниви, Стариот градски парк и пероните на Автобуската станица.

    “Катастрофа е, гледате и самите. Утрово влегуваа автобуси и минибуси на пероните. Ваква глетка прв пат гледам. Има многу вода. И јас чекам превоз меѓуградски“ - рече Моме Димитриевски, граѓанин.

    Продавачите од киосците на Автобуската станица велат дека во 8 часот нагло надошла реката и го зафатила делот кај пероните.

    “Кога дојдов на работа видов како водата нагло надоаѓа. Час или два се задржува на исто ниво, ниту се зголемува, ниту се намалува. Автобусите си доѓаат и заминуваат нормално, патниците се качуваат, се функционира“ - рече Фросина Арсиќ, продавачка.

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека излевања има на три места, но засега нема поголеми материјални штети.

    Разговарав денеска со министерот Мисајловски за помош од Владата ако има потреба. Денеска е закажан кризен штаб за преземање на мерки , за изливањето на реките. Во моментов немаме големи материјални штети. Имаме уништени штали, земјоделски површини, во Бавчи уништена патна инфраструктура, меѓутоа тоа се места во непосредна близина на реките каде има опасност од изливање“ - рече Дамјановски.

    Во последните 24 часа во Куманово наврнаа скоро 70 литри дожд на метар квадратен, а нови врнежи од дожд се очекуваат попладнево.