Поради магла намалена видливоста кон Свети Николе
Поради магла видливоста на патот Свети Николе – Куманово е од 30 – 50 метри, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци во Пелагониската котлина, Дебар и Македонски Брод, на патните правци Штип – Велес – Скопје од 50 – 60 метри, Штип – Радовиш и Штип - Неготино од 50 - 100 метри, Радовиш – Струмица од 30 – 50 метри, Тетово – Гостивар до 100 метри, Македонска Каменица – Кочани – Штип од 50 – 100 метри и Скопје – Велес до 100 метри.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. AМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.