Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наместо за службени патувања на советниците, сумата од 220.000 денари ќе биде наменета за Дневниот центар “Порака наша“ за лицата со интелектуална попреченост.
Оваа одлука беше донесена на вчерашната седница на предлог на советникот Зоран Петрушевски.
Степенот на цивилизираноста на општествата се мери по хуманоста, по средствата кои се даваат на лицата со хендикеп. Јавно изречениот збор не смее да се менува. Градоначалникот да размисли со својата администрација и предлогот да го прифати - рече Петрушевски.
Градоначалникот и администрацијата позитивно се изјаснија по ова прашање. Со ова општината трансферира вкупно 1.100.000 денари од буџетот на сметка на граѓанските здруженија.
На седницата на Советот на општина Куманово беше кажано дека 4 отсто од популацијата во градот има психофизички недостатоци.