Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на лица со интелектуална попреченост "Порака Наша", денеска го промовираше проектот "Соработка за еднакви можности на луѓето со интелектуална попреченост".
Проектот е во вредност од над 78 илјади евра, а се реализира во соработка со Здружението на лица со интелектуална потешкотии "Шанс" од Разлог, Бугарија во рамките на Ипа програмата за прекугранична соработка.
"За проектот аплициравме во 2009 година,а договорот го потпишавме пред една година. Од вкупните средства за македонскиот дел остануваат 34 илјади евра. Проектот има за цел да ја олесни интеграцијата на лицата со интелекуална попреченост и во Р.Македонија и во Бугарија"-вели Благица Димитровска од "Порака Наша".
Предвидените проектни активности ќе се имплементираат во период од една година, а меѓу специфичните цели кои се предвидени да се оставарат се зголемување на знаењата, размена на искуства, подигање на јавната свест, подобрување на капцитетите преку обуки на стручниот кадар како и зголемување на свеста кај работодавачите.
Од локалната власт велат дека вакви проекти се особено значајни за проширување на просторните капцитети, финансиските средства кои пак овозможуваат покавлитетно имплементирање на лицата со интелектуална попреченост во општественото живеење
"Како општина лидер во североисточниот регион имаме потреба од вакви проекти кои во овозможуваат полесна интеграција на лицата со интелектуална попреченост во сите сфери од живеењето"-вели Виктор Цветковски, претседател на Советот на општина Куманово.
Куманово има регистрирано 500 лица со интелектуална попреченост над 18 години, додека во околината на Разлog бројката изнеува 400 лица.