×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поранешни пратеници станаа државни советници

    10.06.2012 09:22 | KumanovoNews

     Двајца поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово станаа државни советници. 

    Поранешни пратеници станаа државни советници

    Од неодамна Дарка Петрушевска е вработена во Министерството за труд и социјална политика, а Петар Поп Арсов во Дирекцијата за храна и ветеринарство, потврдуваат наши извори.

    Се тврди дека Поп-Арсов наскоро треба да замине на амбасадорска функција во Стразбур.

    Соња Цветковска, исто така поранешен пратеник од редовите на владејачката партија е на функцијата директор на затворот во Кшење, кој треба да профункционира до крајот на годината. По завршување на мандатот во Собранието, нејзиното место како професор во Гимназија “Гоце Делчев“ беше во мирување.

    Поп Арсов е поранешен кандидат за градоначалник на Куманово и директор на Центарот за култура, а Дарка Петрушевска работеше во ученичкиот дом Куманово, а потоа директор во јавната установа детски дом “11 Октомври“ во Скопје.