×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пороен дожд и град во Куманово

    06.08.2015 15:16 | KumanovoNews

     Куманово попладнево беше зафатено од пороен дожд, проследен со ветер и грмежи.

    Пороен дожд и град во Куманово

    Невремето започна околу 14 часот, а траеше дваесетина минути. При тоа ги поплави улиците во централното градско подрачје, а искрши и неколку гранки од дрвја на паркингот пред и спроти Центарот за култура.

     Првите неколку минути паѓаше ситен град, а потоа заврна пороен дожд. Поради тоа што атмосферската канализација не можеше да ја акумулира целата количина на вода, поплавени се улиците и тротоарите на Народна револуција, Бајрам Шабани, Поток Серава, Трета МУБ и Октомвриска револуција. Ветерот скрши неколку суви гранки, но нема предизвикана штета на возила или објекти. Тоа го забави сообраќајот, но бидејќи невремето траеше кратко, состојбата набрзо се нормализираше, -изјави Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи.

    Во Центарот нема пријава за штети на земјоделските површини, ниту пак поплави во куќите и стамбените објекти.

    Освежувањето од дожд добро им дојде на граѓаните, по високите температури во изминатите неколку недели.

    Поголема количина на град напаѓала во населбата Карпош од каде наш читател ни ги испрати фотографиите.