Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово ги известува граѓаните дека на денот на прославувањето на Илинден во селото Пелинце ќе биде воведен посебен режим во сообраќајот, поради големиот број на гости кои се очекува да пристигнат.
Граѓаните во меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат најдоцна до 12 часот, бидејќи поради присуство на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и припуштање на службените возила со првенство на минување. Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи - се вели во соопштението од СВР Куманово.
Истовремено апелираат, поради високите температури во овој период од годината, граѓаните кои ќе присуствуваат на манифестацијата да ги превземат сите мерки да не дојде до настанување на пожари.