Мени

Последнава недела 22 заболени од грип

31.12.2015 09:32 | KumanovoNews

Центарот за јавно здравје Куманово последнава недела регистрирал 22 заболени од грип.

Последнава недела 22 заболени од грип

Најголем дел од нив се на возраст од 15 до 64 години, односно 14 луѓе, до 4 години има  3 заболени, од 5 до 14 години евидентирани се 4 заболени, а над 65 години има 1 заболен. За овој период од годината се работи за мала бројка на заболени. Во наредниот период се очекува грипот да земе поголем замав.