×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставена бадниковата пештера на Градскиот плоштад во Куманово

    27.12.2024 15:33 | Оливера Пешевска

    Здружението „Бадникови поворки“ ја постави пештерата на „Христовото раѓање“ која го најавува големиот христијански празник, Божиќ, на Градскиот плоштад во Куманово.

    Поставена бадниковата пештера на Градскиот плоштад во Куманово

    Пештерата е изработена од монахињи во женскиот манастир Рајчица, а за прв пат по 9 години се поставува голема макета.

    Истовремено се прават подготовките за бадниковата поворка, се прават бадникови ѕвезди и течат други активности за се да помине во најдобар ред.

    „Ќе има бадникова ѕвезда за секое пријавено дете, минатата година имаше околу 300, за овој празник очекуваме и повеќе. Дел од ѕвездите се направени од членки на здружението, а за дел децата си прават домашни работилници и заедно со братучеди, соседи, другарчиња преку дружење и забава се подготвуваат за поворката. Повикот за учество не е завршен, сите заинтересирани можат да се пријават на мојот телефонски број 071/ 666- 983. Во ова прилика апелирам за голем одѕив, заеднички да го најавиме големиот празник Божиќ“, изјави Ружица Денковска.

    Во рамките на овие активности е организирано и дружење на типични и атипични деца и работилница во Дневниот центар за деца со попреченост „Инклузива“.

    Програмата предвидува тргнување на поворката во 9.30 часот од Соколанскиот парк, со пеење на каланди да се пристигне на плоштадот. За таму е предвидена мала културно- уметничка програма и изненадување за учесниците и минувачите. Бадникови пакетчиња ќе се делат во просториите на Занаетчиски дом, само на учесниците по завршување на забавата на плоштадот.

    Во име на празникот е организиран и тематски литературен конкурс во организација на „Бадникови поворки“, Друштвото на писатели од Куманово и општинските служби. Обезбедени се награди и признанија за учениците од основните и средните училишта во градот, кои ќе бидат прогласени за најдобри и ќе освојат прво, второ или трето место. Наградените, но и останатите пратени творби ќе бидат објавени во зборник, во кој ќе има и дела од кумановски писатели.  

    Средствата за изработка на бадникови ѕвезди се обезбедени од образовните асистенти од сите основни училишта во градот.

    „Сите колешки кои работиме како образовни асистенти се вклучија со свои донации, според сопствените можности. Со нив набавивме хамер, силиконски лепак и пиштолчиња за него, значи сите потребни материјали, а држачите ни ги обезбедува приватен тишлер од својата работилница“, објаснува Денковска.

    Бадниковите поворки е национално здружение кое опстојува во 62 градови и населени места во Македонија и во сите нив ќе се одржат такви детски поворки. Започнале да се организираат на иницијатива на монашкото братство на „Свети Јован Бигорски“.