×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставена изложбата “Кумановски ликовни уметници“

    11.11.2014 10:24 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија синоќа беше отворена изложбата “Кумановски ликовни уметници“.

    Поставена изложбата “Кумановски ликовни уметници“

    На изложбата организирана по повод празникот на градот - 11 Ноември, со свои дела учествуваат 24 ликовни уметници. Изложбата ја отвори градоначаликот, Зоран Дамјановски кој истакна дека оваа изложба ги обединува ликовните творци од Куманово. “Кумановски ликовни уметници“ е заеднички проект на Музеј Куманово и општина Куманово.

    “Оваа изложба е еден од двата проекти на кои заеднички работиме со Национална установа Музеј Куманово. Проект кој што има 58 години традиција, започнат во 1956  година во чест на ослободувањето на градот. Куманово се профилира како град на уметноста. Куманово се презентира како многу значајна културна точка во Република Македонија “ - кажа Дамјановски.

    Изложените дела се изработени во различни техники.

    “Освен делата кои ги задоволуваат класичните норми на ликовното творештво, оваа година опфатени се и дела од млади ликовни творци кои ги следат новите достигнувања во ликовното творештво и презентираа инсталации. Заедно со сликите и графиките тоа ја чини оваа продукција богата по својот израз и својот квалитет“ - изјави Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

    Изложбата е поддржана од Министерството за култура, градоначалникот и Советот на општина Куманово.