×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставени новогодишни тезги пред Центарот за култура

    11.12.2015 12:23 | KumanovoNews

    Пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ од вчера се поставени новогодишни тезги, на кои се продаваат честитки, украси, подароци, елки и други производи.

    Поставени новогодишни тезги пред Центарот за култура

    Повеќето трговци втор ден се на платото пред Центарот за култура и тука ќе останат до 31 декември, односно до Нова година.

    Продаваме новогодишни украси, честитки, лампиони, сијалички, балони. Честитки најмногу се купуваат. Ги купуваат децата за на училиште да си поделат. Луѓето бараат производи, ама пари немаат и тоа е проблем. Малку е послабо од лани - вели Шабан Идиќ, трговец.

    Од општина Куманово информираат дека под закуп се нудат 25 унифицирани тезги, а ќе прават и контроли за да нема поставување на диви тезги на оваа локација. Унифицираните дрвени тезги се набавени пред три години и се користат за различни манифестации во градот.