×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе од 200 граѓани проверија дали им е платен работениот стаж

    29.10.2014 13:49 | KumanovoNews

    Над двеста граѓани денеска извршија увид во евиденцијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во мобилната канцеларија на Градскиот плоштад, за да видат дали работодавачот им го уплатил работниот стаж.

    Повеќе од 200 граѓани проверија дали им е платен работениот стаж

     Резултатите покажале дека поголем дел од граѓаните се со регулирани обврски за пензиско и инвалидско осигурување.

    “ Кумановчани денеска покажаа голем интерес и до 13 часот беа издадени над 200 листи. Сите кои нема денеска да ја искористат можноста, истото можат да го сторат и во подрачната единица на Фондот во Куманово секој нареден ден„ - вели Мирослав Стојановски, раководител на ПИОМ Куманово.

    Во општината има над 20.000 осигуреници, повеќето од нив и не знаат дали имаат платени придонеси. Токму затоа Министерството за труд и социјална политика, ПИОМ и МАПАС ја организираат акцијата “Ден за вас“.

    “На овој начин осигуреникот може да се информира каде има пропусти во периодите кога работел, дали му се платени придонесите или не. Доколку не е платен, постапката и начинот како да го оствари правото. Ние внесуваме стаж само доколку е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Проверуваат сите граѓани, пензионери, а тука се и наши граѓани кои живеат во странство и се интересираат за примената на меѓународните договори за права за пензиско и инвалидско осигурување врзани за странска држава“ - изјави Трајко Премчески, помошник директор во ПИОМ.

    Граѓаните чекаа во ред за да се информираат за правата од оваа област.

    “Кај мене се е во ред. Колку што сум работел, толку имам и стаж, а тоа се 28 години и 6 месеци. Нема никакви пропусти. Сакав да видам дали се ми е платено“ - вели Неџат Бекири, граѓанин.

    Акцијата “Ден за вас“ ќе продолжи и во другите градови низ Македонија со цел поголема транспарентност кон граѓаните.