×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе спортски манифестации по повод Денот на востанието

    09.10.2021 07:03 | Сузана Николиќ

    Куманово - градот првоборец, со повеќе манифестациии ќе го одбележи 11 Октомври - Денот на народното востание и Денот на борецот, како значаен датум од македонската историја и симбол на македонската борба за слобода.

     

    Повеќе спортски манифестации по повод Денот на востанието

    Општински сојуз на спортови Куманово(ОССК) и спортските клубови ќе организираат повеќе спортски турнири и натпревари:

    Од денеска до понеделник (09.10.-11.10.2021) ќе се одржи Турнир во тенис за деца до 14 години, во организација на 
    ОССК и ТУМБА тениски клуб Куманово. Натпреварите ќе се играат на тениските терени кај Градскиот базен секој ден од 09 до 17 часот.

    Утре (недела) на aтлетскиот полигон на ОСТУ “Наце Буѓони”- Куманово, ќе се одржи традиционален Атлетски митинг „11 Октомври“ Куманово, кој го организира ОССК и Атлетски клуб Куманово. Турнирот е со почеток во 11 часот (за деца до 14 години), а официјална програма програма од 13.30 часот. 
     
    Во понеделник на 11 Октомври ќе има повеќе спортски активности, а ќе започнат во 10 часот со Турнир во ракомет на спортските терени во Соколана. Турнирот е во организација на ОССК и МРК Куманово.

    Во 10.30 часот ќе се одржи Традиционален пинг понг турнир  во училишната спортска сала на СОУ - Гимназија „Гоце Делчев”.

    Во 12.00 часот ќе се одржи Велосипедска трка ТРОФЕЈ „11 Октомври“ во организација на ОССК и ВК ВЕЛО-М Куманово.
    Почетокот на трката е пред спортска сала со кружно возење на релација „Октомвриска револуција” и „Трета МУБ”. 

    По повод Денот на востанието и Денот на борецот на Спомен костурница во 11 часот цвеќе ќе положат делагации од општината и земјата, а ќе има и пригодна културно-уметничка програма.