Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проектот „ЕУ за економски развој“ работи на поддршка на старт-ап компаниите и микро, малите и средните претпријатија од помалку развиените региони во Северна Македонија во нивниот раст и развој, да додаде вредност на нивното работење и да придонесе кон развојот на локалната економија.
Низ активностите на проектот, во следните три години посветено ќе се работи на зголемување на конкурентноста преку зголемување на бројот на нови компании. Креирање на нови работни места, подобрување на перформансите на постоечките компании како и поддршка во креирањето на нови производи и услуги во полето на зелената и циркуларната економија, иновациите, информатичката технологија.
До 8 март 2022 година отворен е повик за ангажирање на бизнис ментори кои ќе им дадат поддршка на стартап компаниите и микро, малите и средните претпријатија да стекнат знаења за најдобрите практики за развој на бизнисот.
Дали сте Вие нашиот следен ментор?
Поседувате богати знаења и искуства: Вие сте успешен претприемач или бизнисмен со долгогодишно искуство. Ве сметаат за лидер во полето во кое имате богато искуство и експертиза кои сакате да ги споделите и со останатите.
Несебично споделувате: Имате желба да одвоите време и енергија да бидете ментор.
Задоволство Ви е да понудите нешто и без да добиете ветување дека ќе имате нешто за возврат. Вашата улога на ментор ја сфаќате сериозно и секогаш наоѓате простор во Вашиот распоред да бидете достапни за да дадете совет на оној кој го менторирате.
Сакате да ги видите другите како растат и се развиваат: Сакате да работите со други луѓе, да ги споделувате Вашите мислења, да бидете поттикнати од реакцијата на другите кога информациите кои им ги давате им отвораат нови перспективи.
Имате порив да го направите светот подобро место: Претприемачите се обидуваат да решат проблеми поврзани со технологијата, здавството, агро бизнисот, а со тоа да ни го направат животот полесен. Вие ја имате истата мотивација и философија за промени и сте заинтересирани за страт-ап екосистемот и секторот во кој работи претприемачот кому му двате менторска поддршка.
За да аплицирате за бизнис ментор, погледнете ги насоките за плицирање и сите потребни документи на следниот ЛИНК.
Доколку сеуште не сте дел од онлајн платформата на EU4EG Академијата, Вашето барање за регистрација пратете го на [email protected] и ќе Ви биде обезбеден пристап до платформата.