×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повредениот кумановец во Авганистан сe опоравува

    20.09.2012 15:45 | KumanovoNews

     Кумановецот Тони Атанасовски (39)  се опоравува во болница во Дубаи, откако мината недела бил ранет во напад на талибанците на базата Ледарнек во Авганистан.

    Повредениот кумановец во Авганистан сe опоравува

    Во нападот два шрапнели му ги повредиле левата надлактица и рамето, поради што му биле извршени неколку операции.

    Двапати му ја оперирале раката во воената болница во Кандахар, а вчера од рамото му ги извадиле преостанатите шрапнели. Треба да му направат и пластична операција на рамото. Се слушнавме вчера по телефон и ни рече дека се чувствува добро, но ние нема да се смириме се додека не го видиме- велат со солзи во очите родителите на Тони.

    Вознемирени и во шок од тоа што се случило, велат дека за немилоит настан во неделата наутро ги известил претставник од фирмата Дајн Корп, преку која Тони заминал во Авганистан.

    Автобусот што го управувал Тони целосно бил изрешетан, а тој и покрај повредата и со дупнати гуми успејал да излезе од престрелката и да ги спаси патниците од сигурна смрт-раскажуваат родителите.

     Тони како шофер во базата Ледарнек работел две години, а неодамна го продолжил договорот за уште една година.

    Во минатонеделниот напад на талибанците во базата каде престојувал британскиот принц Хари, покрај кумановецот повредени биле и 6 американски војници, а двајца маринци загинале.