×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожар на совеста

    12.07.2015 19:05 | KumanovoNews

    Не се знаат директните причини што го предизвикале пожарот, но се знае дека главна e  негрижата на локалната самоуправа која „заборава“ да ги потсети надлежните да ја косат тревата од јавните градски површини за што граѓаните плаќаат

    Пожар на совеста

    Вчера попладне (11 јули) се опожари сувата трева среде локалитетот „Водовод“ пред градската скривница. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на Противпожарната единица, не дојде до катастрофални последици, бидејќи во близина на опожарената површина се паркирани повеќе автомобили во сопственост на станарите од околните згради, а лесно од огнената стихија можеа да бидат зафатени и двата угостителски објекта. Во пожарот настрада само дел од малиот дрворед  од зимзелени - единствен белег дека тука, меѓу неколкуте стотини станари од станбениот кварт, има и такви кои се погрижиле да остават трага на нешто убаво.

    Не се знаат директните причини што го предизвикале пожарот, но се знае  дека главната причина е нашата негрижа. Поточно, негрижата на надлежните градски фактори на чело со раководството на локалната самоуправа која  ,,заборава“ да го потсети надлежното претпријатие да ја коси тревата од јавните градски површини за што граѓаните плаќаат. Инаку,  зошто ова „зеленило“ (срамно запуштена дива ледина) се дозволува неколку децении да остане  “ничиј“ имот?  Им треба ли на градските татковци  само колку од време на време да „шитнат“ по стотина квадрати за кафеани, без ниеднаш да ги консултираат околните граѓани дали им се потребни ноќни  „биртии“ или уредени тревници со клупи за одмор и детски игралишта?  Впрочем, тоа граѓаните го имаат, ама само во ветувањата на кандидатите за градоначалници  на предизборните митинзи!  

                                                                            С. Божиновски