Мени

Пожар од депонијата „Краста“ зафати нива со жито

22.06.2026 11:59 | Сузана Николиќ

Поголема површина со житни насади вчера изгорела во пожар во близина на депонијата „Краста“, во атарот на селото Пчиња.

Пожар од депонијата „Краста“ зафати нива со жито

Според информациите на МВР, пожарот најпрво избувнал на депонијата, а потоа се проширил на соседна нива со жито.

„Во 14:11 часот било пријавено дека во атарот на селото Пчиња, кумановско, настанал пожар на депонијата „Краста“. Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, при што било утврдено дека пожарот избувнал на депонијата, по што се проширил на соседен имот, сопственост на правно лице од Куманово, при што била зафатена поголема површина со житна култура“, соопшти МВР.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово потврдија дека во пожарот биле опожарени житни насади и сува трева.

„Пожарот беше пријавен во 14:10 часот, а целосно е ликвидиран во 17:05 часот. Во интервенцијата учествуваа две противпожарни возила и четворица пожарникари“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.