Пожар во куќа на „Доне Божинов“
23.12.2015 12:56
| KumanovoNews
Пожар вчера избил во куќа на улицата „Доне Божинов“.

Територијалната противпожарна единица Куманово бележи интервенција на запалена куќа на улица „Доне Божинов“ бб. Интервенирано е со 1 возило и 5 пожарникари во период од 8.25 до 9.38 часот.
Зафатени биле две простории и бања. Изгореле кревети, мебел, покуќнината која била внатре - вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Причината за појава на пожарот како и материјалната штета не се познати.