Пожар во сендвичара во центарот на Куманово
11.08.2026 14:29
| KumanovoNews
Пожар избувнал вчера во угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во центарот на Куманово. Во пожарот нема повредени лица.
Според информациите од СВР Куманово, пожарот бил пријавен во 07:22 часот. Станува збор за угостителски објект, сопственост на 62-годишен кумановец.
На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово со едно противпожарно возило и пет пожарникари. Интервенцијата траела од 07:20 до 07:50 часот, при што пожарот бил локализиран и изгаснат.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Засега нема информации за причините за избувнување на пожарот и за причинетата материјална штета.