Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Пачков и пратеничката Дарка Петрушевска се единствените кандидати од Куманово на листата за пратеници.
Носител на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2 е министерката за внатрешни рабори Гордана Јанкуловска. Втор е Трајко Вељановски, а потоа следува претседателот на општинскиот комитет Јордан Пачков. На четврто место е Иван Стоиљковиќ, а пети Амди Бајрам. Од куманоските вмровци на 12 место е досегашната пратеничка Дарка Петрушевска. На листата за пратеници ги нема и пратеникот Перат Поп Арсов и Соња Цветковска.