Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Договорени се кандидатите за градоначалник и членови на Совет на СДСМ за Општината Старо Нагоричане.
За функцијата прв човек на општината за мандат ќе се бори Радивоје Димковски од селото Младо Нагоричене, а носител на листата е Бобан Цветановски од Стрновац.
Втора на листата е претседателката на општинската организација Жаклина Јовановска од Драгоманце, а потоа следуваат Бранко Ѓориќ од Старо Нагоричане, Марјан Митковски од Младо Нагоричане, Вукица Митевска од Облавце, Ивица Петрушевиќ од Никуљане, Габриела Ѓорѓевска од Пелинце, Горан Петрушевски од Стрезовце и Мартин Ивановски од Младо Нагоричене.
Предложените кандидати, во текот на утрешниот ден ќе ги поднесат двете листи до општинската изборна комисија во Старо Нагоричане.