Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатата недела во градот се отвори нов, модерен угостителски објект во кој ќе се служат оригинални специјалитети.
Уникатното ентериерско решение, мени со врвни специјалитети единствени на нашиот пазар, начинот на услуга и позитивната енергија што ја чувствува секој гостин, се само дел од нештата што овој локал го прават многу пријатно и поразлично место од другите локали во градов.
Мојата идеја беше да направам нешто автентично, без импровизации и да понудам поразлична услуга, храна и амбиент. Сакам овој локал да биде место каде што секој гостин ќе ужива во дегустацијата на извонредната храна и пијалаци. Навистина ми беше предизвик да отворам нешто многу поразлично - изјави Стефан Темелковски, еден од сопствениците на ресторан Прадо.
Прадо располога со богато мени, сите видови на италијанска храна и фурна на дрва.
Во ресторанот можат да се прават и нарачки на фиксниот телефон 43-01-00, а сопствениците на Прадо се надеваат дека со квалитетот на храната што ја нудат, и со добрата атмосфера, летово ќе биде попријатно место за деловен ручек и семејни прослави.
Ресторанот се наоѓа на улица Кирил и Методиј бр. 1, спроти гимназијата Гоце Делчев, со работно време од 8 часот до 1 часот по полноќ.