Предавања за ХИВ/СИДА во училиштата
Вработени од Центарот за јавно здравје Куманово започнаа со едукација на учениците од основните и средните училишта, за опасноста од ХИВ/СИДА и другите сексуално преносливи болести.

Предавањата први ги следеа гимназијалците, а опфатени ќе бидат и учениците од другите училишта во градот.
Започнуваат предавањата во Гимназија “Гоце Делчев“ и потоа во останатите средни училишта согласно определен план. Во програмата за превенција од ХИВ/СИДа за 2016 година предвидени се околу 100 тестирања кои што ќе бидат извршени во советувалиштето за доброволно советување и тестирање и околу 30 предавања кои што се предвидени со програмата секоја година - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.
По 1 декември-Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА во градот се организираат активности за подигнување на свеста за опасноста од овие болести.