Предавање за убоди од инсекти
09.02.2016 09:40
| KumanovoNews
Во клубот „Х.Т.Карпош“ утревечер со почеток во 18 часот, ќе се одржи предавање за убоди од инсекти во организација на пчеларското друштво „Пчела“.
Предавач ќе биде доктор Јордан Џимревски, а можат да присуствуваат пчелари и граѓани кои се заинтересирани за темата.
Темата е многу интересна и ќе биде отворена и за граѓаните, не само за нашите членови. Ќе се зборува за убоди од оси, пчели, комарци, кои се реакции, симптоми, како луѓето да си помогнат, што треба да имаат при рака - вели Часлав Ристовски, претседател на „Пчела“.
За оваа сезона ова е 10-то по ред предавање, а ќе бидат организирани уште неколку при што на 24 месецов ќе биде повикан предавач од соседна Србија.

