Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Маж на возраст од околу 70 години, утринава бил удрен од автомобил на ул.„11 Октомври„ во близина на Тутунскиот комбинат Куманово.
Повредениот човек, на кој не му се знае идентитетот, со сериозна повреда на главата, итно е пренесен на клиниките во Скопје. Лекарите велат дека бил донесен во бесознание и не успеале да го освестат.
Од полицијата првично информираат дека сообраќајката се случила во 8.50 часот, и дека во пешакот удрил Г.М со автомовил рено лагуна. Причините за несреќата не се познати затоа што екипите сеуште се на терен. Човекот во поодминати години немал кај себе лични документи, нити некој досега го побарал. Тие апелираат до граѓаните што имаат некаква информација да пријават.
Повредениот, најверојатно излегол од дома да купи леб, кој го носел со себе и на враќање завршил под автомобилот.