Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Државната изборна комисија ги одбија приговорите на ВМРО-ДПМНЕ со кои се бараше прегласување на 30 избирачки места, поради изборни не регуларности.
Според портпаролката во ДИК, прегласување во Куманово нема да има, а Зоран Дамјановски го доби мандатот да ја води општината во наредните 4 години.
Вчера беше одобрено истражен судија во присуство на претставници од политички партии во простории на ОИК да изврши увид во избирачкиот список, да се провери за тие девет лица за кои се сомневаат дека направиле повреда на избирачко право. Тоа нема да влијае на изборниот резултат - вели Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.
Се работи за три избирачки места во населбите Тоде Мендол и Бајрам Шабани, каде се регистрирани 1200 гласачи. Дамјановски го победи Ѓеорѓиевски со 1.800 гласови и евентуалното прегласување на овие места нема да го смени резултатот.
Целата мешаница околу изборите започна завчера попладне, кога под сомение дека сториле повреда на избирачко право, истражен судија, издаде налог за одземање на избирачките списоци од Општинската изборна комисија во Куманово.Кога полицијата околу 16.30 часот, влегла во ОИК, членовите не дозволиле да ги земат списоците, бидејќи немале наредба од ДИК да го предадат матерјалот. Истата вечер биле приведени и неколку лица на информативен разговор во кумановската полиција, под сомнеие дека учествуваче во изборниот фалсификат.