Прекини во снабдувањето со електрична енергија во Куманово и околните села
Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска и во наредните денови ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Куманово и околината.
Денеска, 15 јули, без струја од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат потрошувачите на улицата „11 Ноември“, на потегот од мостот за Бедиње до „Мока Кафе“.
Утре, 16 јули, прекин во снабдувањето е најавен во село Алгуња, маало Татариновац, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
На 29 јули, без електрична енергија од 08:50 до 14:00 часот ќе останат корисниците во село Стрновац.
Од надлежната компанија апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да покажат разбирање за прекините, кои се реализираат поради зафати за одржување и унапредување на електричната мрежа.