×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на претставата „Дедо Мраз и веселата шума“ утре во Центарот за култура

    18.12.2024 16:01 | Оливера Пешевска

    Новогодишната детска претстава „Дедо Мраз во веселата шума“ премиерно ќе биде изведена утре /19 декември/ со почеток во 18 часот во малата сала на Центарот за култура во Куманово. 

    Премиера на претставата „Дедо Мраз и веселата шума“ утре во Центарот за култура

    Претставата е во режијата на актерката Кети Дончевска Илиќ, драматизација на Зоран Зафировски, а играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски.

    „Претставата е наменска, се работи за Дедо Мраз и новогодишните празници. Јас во оваа претстава „Дедо Мраз во веселата шума“ сум режисер. Ние како колеги секогаш соработуваме, во секој момент, во секој поглед и на крај можам само да споделам едно огромно задоволство од процес во кој ние уживавме, а верувам и публиката ќе ужива“, истакна Кети Дончевска- Илиќ.

    Со ова претстава се прави обид не само да се донесат најмалите во театар, туку и да се потенцира вербата во Дедо Мраз и да се донесе празничната магија во градот.

    „Да ги научиме децата на нешто од основните вредности кои секое дете треба да ги знае, но и секој возрасен треба да се потсети на нив. Претставата е интересна и забавна и ги опфаќа најважните работи за празниците, а тое е љубов, почит, пријателство и другарување, а пред се учи дека не треба да се лажеме и дека не треба да се играме едни со други“, објасни Владанка Крстевски, кој ја игра улогата на итрата лисица.

    Сите до сега закажани репризи се распродадени, што само го покажува големиот интерес од страна на публиката. Доколку се бара некој изведба повеќе, екипата се надева дека ќе можат да излезат во пресрет на заинтересираните.

    Костимите се на Дарко Илиевски и Нина Максимова. Сценографијата е на Крсто Богојевски.

    Ова е последна тетарска премиера на Театар Куманово за 2024 година. Директорот Сашо Тодоровски оценува дека имале успешна година, со 6 премиери на театарски претстави. Четири од нив се од Годишната програма на Министерството за култура и туризам, а две се финансирани од сопствени средства на Центарот за култура. Освен новогодишната и детската „Волшебникот од Оз“ е подготвена самостојно, со сопствени финансии.