×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преработувачите не се грижат за светската криза

    04.07.2012 09:14 | KumanovoNews

     Локалните преработувачи на овошје и зеленчук велат дека не трпат последици од светската криза и дека работат со исто темпо како и претходните години.

    Преработувачите не се грижат за светската криза

    Ваквите капацитети во кумановско работат сезонски и произведуваат туршија, ајвар, литеница, слатко и мармелад.

    Продажбата не е намалена. Повеќе работа имаме во октомври и ноември, бидејќи тогаш се прават зимници. Конзервираме печурки исто така. Нашите производи ги извезуваме секаде,  во Шведска, Австралија, на Косово, во Австрија, Србија и други земји - вели Елена Котеска Богдановиќ, директор на произвдство во “Бонум“.

    Во околината на градот има неколку поголеми капацитети за преработка на овошје и зеленчук. Некои од нив произведуваат и по 8000 тони готов производ годишно, а имаат тардиција од 20 години.

    Од Асоцијацијата на преработувачи на Македонија објаснуваат дека македонските производи се се побарани. На државно ниво повеќе преработувачи велат дека се принудени да прифатат одложено плаќање, бидејќи земјите од ЕУ се во длабока економска криза.