Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
МВР пресече меѓународен транспорт на марихуана во количина од околу 150 килограми, од Република Косово преку територијата на Република Северна Македонија, со крајна дестинација - Република Турција.
„Вчера во попладневните часови на паркинг пред угостителски објект во Штип е забележано паркирано патничко возило „ауди А6“, со кумановски регистарски ознаки, а до возилото биле пријавените И.Д.(50), К.К.(39), двајцата од Подујево, Р.Косово и Б.Р.(34) од Куманово. И.Д. и К.К. се обиделе да избегаат, но биле фатени и сите тројца се лишени од слобода, соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
При извршен преглед на патничкото возило, биле пронајдени вкупно 92 полиетиленски пакувања со марихуана, спакувани дел во патни торби, дел во багажниот простор од возилото во делот за резервната гума и на задните седишта од возилото, а кај приведените лица се пронајдени и повеќе мобилни телефони, СИМ картички од мобилни оператори од Косово и Македонија и пари, кои се предадени на вештачење.
СВР Штип до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против 4 лица (3 косовски и 1 наш државјанин), од кои тројцата се веќе приведени, а за едно лице, кое со товарно возило требало да ја преземе дрогата од Штип и да ја пренесе до Република Турција се преземаат мерки за негово пронаоѓање.