Претепана и ограбена старица во нејзината куќа
13.04.2012 11:30
| KumanovoNews
Н.Д. (67) од Куманово вчера била ограбена во нејзината куќа на ул. „Димитар Влахов“, кај Стара црква.
Разбојништвото се случило во 16.30 часот, при што напаѓачите ја претепале жената.
Со сериозни повреди по главата и лицето, таа е пренесена во кумановската болница, а заради карактерот на повредите е префрлена во Клиничкиот центар Скопје.
СВР-Куманово превзема мерки за целосно расчистување на случајот.