Претепани мигранти на патот од Лојане - Табановце
17.12.2013 13:32
| KumanovoNews
Неколку мигранти синоќа се претепани од непознати лица додека се движеле од с.Лојане кон граничен премин Табановце.

На бензинската пумпа кај Табановце околу 22.30 часот дошол државјанин на Сенегал повреден во пределот на главата, а повредите ги добил кога се движел од с.Лојане кон Табановце заедно со група странски државјани. Нив ги нападнала група непознати лица. На повредениот му е укажана лекарска помош, а полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
(фото архива)