Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму додаваат дека главно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава. Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите иполнење на речните корита. Исто така, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден, што ќе услови зголемување на водостоите.
„Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден“, велат од УХМР.