×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Презентиран проектот „АРМ мој вистински дом“

    30.10.2015 10:16 | KumanovoNews

    Во касарната „Боро Менков“ денеска беше презентиран проектот „АРМ мој вистински дом“.

    Презентиран проектот „АРМ мој вистински дом“

    Министерот за одбрана, Зоран Јолевски на врaботените во армијатa им објасни дека по поволни услови можат да добијат стан. Згради ќе се градат во близина на касарната „Илинден“ во Скопје, а потоа зависно од интересот ќе има изгрaдба на станови и на други локации. Ќе има гарсоњери, еднособни, двособни и трособни станови, а вработените во АРМ становите ќе ги добијат по градежна цена, без да плаќаат за проект, земјиште, камати.

    Би требало да бидат 560 стана, тоа се повеќе згради, меѓутоа како постои интерес така ќе се градат. Целиот проект може да биде и многу повеќе од 560 стана, ако има поголем број на заинтересирани, меѓутоа може да биде одреден и помал број на станови. Секој припадник на АРМ кој има интерес да купи стан, со оваа програма ќе може да купи. Министерството за одбрана заедно со Владата обезбедува земјиште и ги плаќа комуналните трошоци - рече Јолевски.

    На тендер ќе се избере фирма која ќе ги гради становите, азаинтересираните вработени треба да се пријават до 20 ноември.  “АРМ мој вистински дом“ денеска ќе биде презентиран и во Скопје.