×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прием на првачиња во детската организација во ОУ „Вук Караџиќ„

    08.10.2010 22:56 | KumanovoNews

    Свечен прием за првачињата во детската организација се одржа во основното училиште „Вук Караџиќ„.

    Прием на првачиња во детската организација во ОУ „Вук Караџиќ„

    Првачињата дадоа свечена заклетва со која се обврзуваат дека ќе учат вредно и ќе постигнат резултати во учебната година.Учениците од повисоките одделенија во нивна чест реализираа свечена приредба.

    Оваа манифестација е во рамките одбележувањето на неделата за детето и на овој начин првачињата ги воведуваме во образовниот процес.Од друга страна ги запознаваме со нивните права, за кои подоцна во училиштето ќе се говори повеќе како и за обврските кои треба да ги исполнат.Во оваа пригода сакам да им посакам добедојде, пријатен престој во училиштето и успех во учењето на нашите нови ученици -рече директорот на Толи Зордумис Трајан Петровиќ.

    На свеченоста во ОУ Вук Караџиќ , гости беа дечињата од големите групи од градинката Славејче кои од наредната година ќе тргнат на училиште.