×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прием во Општината за борците и поранешните градоначалници

    10.11.2014 11:35 | KumanovoNews

    Борци, поранешни градоначалници, претставници од МВР, армиски и полициски ветерани, денеска беа на прием во општина Куманово по повод утрешниот празник 11 Ноември - Денот на ослободувањето на градот.

    Прием во Општината за борците и поранешните градоначалници

    Градоначалникот Зоран Дамјановски на борците им додели благодарници итакнувајќи дека тие се најзаслужни за ослободувањето на Куманово. Ги запозна со агендата на активности кои ќе следат во овие два дена за одбележување на 70 години слободно Куманово. На приемот беше присутен и почесниот граѓанин на Куманово, Лоренс Батлер.

     “Ќе биде драг гостин на Куманово, човекот што направи многу во периодот кога беше воената криза. Кога имаше опасност за подлабоки конфликти Куманово остане град на толеранција, разбирање, соживот и почитување на различности. Благодарам од мое име, од име на кумановци за тоа што го направивте за нашиот град и за Република Македонија“ - рече градоначалниокот.

    Лоренс Батлер го честиташе празникот на борците и граѓаните.

    “Слава на борците. Татко ми бил офицер и загинал во Виетнам. Ја поздравувам вашата работа и ви посакувам успех“ - рече Батлер.

    Борците објаснија дека многу млади се вклучиле во НОБ и се горди на ослободувањето на Куманово.

     “На 15 и пол години станав борец. Месец дена сум била во заробенички раце на Германците, во приватен стан. Го паметам ослободувањето на повеќе градови, но на ослободувањето на Куманово“ - вели Царевка Виличиќ, борец.

    На приемот присуствуваа поранешните градоначалници Слободан Ковачевски, Благе Кипријановски и Бајрам Сулејмани.