Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против двајца царинар од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
„Пријавените, вработени во Царинска управа на работно место Цариник во Отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце, извршувајќи ги службените работни задачи постапиле спротивно на Упатството за спроведување на царински постапки во патничкиот промет и Упатството за привремен увоз на стока, односно овозможиле влез на стока која не може да биде внесена на територијата на Република Северна Македонија без царинска постапка. Имено, тие на возачот противправно овозможиле да внесе 14 употребени пневматици од различни марки, а за што возачот не поседувал дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање“, соопшти МВР.