Пријава за поседување на марихуана
15.07.2014 09:19
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Г.(25) од Куманово за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На први јули годинава, во селото Орашец, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде се пронајдени две кеси со марихуана и 11 растенија-канабис сатива.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.