×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријава за разбојникот во бутикот за долна облека

    24.02.2011 16:07 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава  против Игор.А. (33) од с.Режановце, под сомнение дека извршил разбојништво врз продавачката на долна облека во бутикот „Ивани-Фешн„.

    Пријава за разбојникот во бутикот за долна облека

    Пријавениот откако се уверил дека никој од минувачите не го гледа, маскиран со капа и под дејство на алхокол, влегол во бутикот на ул.„Гоце Делчев“,при што со гасен пиштол и се заканил на вработената Олгица.К ( 55), и од вратот и го скинал златно синџирче со приврзок. Во еден момент додека жената се обидувала да избега од бутикот, напаѓачот се заканил дека ќе ја прободе со нож кој го имал кај себе. Бидејќи  Олгица, продолжила да пружа отпор, тој  ја фатил за вратот и ја спречувал  да бара помош. При тоа и нанел видливи повреди по лицето. Избезумената жена сепак успеала по телефон да ја алармира полицијата, која за кратко време дошла на местото на настанот и го уапсила сторителот. СВР Куманово  превзема мерки за утврдување на евентуална негова инволвираност и во извршување на други вакви дела.