Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
В.С.(54) од Куманово, сопственик на фирмата „Кумани-сам„ Скопје е приведен под сомнение дека затајувал данок.
Газдата во периодот од август 2010 до мај минатат година изготвувал фактури со невистинити износи кон други фирми и откако парите биле уплаќани на банкарска сметка ги подигал во готово, без да пресмета и уплати ДДВ, данок на добивка и персонален данок. На тој начин В.С. заработил 7.704.452.00 денари и го оштетил буџетот на државата. Акцијата за приведувањето на сопственикот на фирмата го извршила Управата за финансиска полиција и МВР.