×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приредба за Алжир на француски јазик

    13.12.2013 14:58 | KumanovoNews

    Приредба на француски јазик изведоа учениците од основните и средните училишта во градот.

    Приредба за Алжир на француски јазик

    Приредбата во Народниот театар Куманово беше посветена на Алжир, како една од многуте франкофонски земји. Во светот 220 милиони луѓе го говорат францускиот јазик. Присутните дознаа нешто повеќе за географската местоположба, главниот град, климата во оваа земја.

    Францускиот јазик се зборува на пет континенти, во многу земји. Сакавме на нашите ученици, професори и родителите да докажеме дека со францускиот јазик вие можете да се снајдете во Алжир, Сенегал, Корзика. Има огромен број земји каде што се зборува, се сака и изучува  францускиот јазик. Во Куманово имаме огромен број на училишта и деца кои соработуваат со нас и сакаат да покажат колку знаат француски и на тој начин го шират јазикот - изјави Снежана Петров, претседател на Здружение на професори по француски јазик во Македонија.

    Петров ги пофали кумановци дека добро го владеат францускиот јазик и најдобрите студенти на факултет доаѓаат од Куманово. Во време кога англискиот јазик многумина го зборуваат, пожелно е да се знае и францускиот како втор светски јазик, рече таа.

    За учениците кои изработиле најдобри ликовни творби на тема “Алжир“ имаше награди.

    Ја освоив втората награда. На цртежот имам претставено две знамиња во позадина на Алжир и Франција. Од една страна имам претставено споменик од Алжир, исламски објект и од друга страна црква која е што е специфична за француската култура во Алжир. Имам насликано на истиот цртеж палми, камили и неколку луѓе - вели Симе Пешевски, ученик во втора година во Гимназија “Гоце Делчев“.

    Здружението на професори по француски јазик и во другите градови низ Македонија ќе организира приредби на француски јазик за презентација на франкофонските земји.