Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното јавно обвинителство од Куманово му одреди притвор од 30 дена, на З.М.(38) од Куманово под сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност, затоа што минатата ноќ запали 11 автомобили на повеќе локации во центарот на градот.
Осомничениот го признал делото и рекол дека возилата ги палел случајно а не со некоја однапред одредена цел. З.М. е регистриран зависник од алкохол и порано против него имало пријави за семејно насилство.
З.М. во својот поход тргнал пред полноќ со запалка во рацете. Во алкохолизирана состојба потпалувал пластични маски на коли паркирани на улиците: Пионерска, Гоце Делчев, 11 Октомври и Димитрие Туцовиќ. Откако го запалил и последниот автомобил во кругот на Кумановската болница полицијата го пронашла и привела.