Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На регионалниот пат Куманово - Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ноќеска во 1 часот, го привеле И.И.(21) од Куманово, бидејќи возел под дејство на алкохол.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.